Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, за „360 степени“ вели дека детето кое се наоѓало во близина на автомобилот врз кој падна дрвото, има само гребаници и не е сериозно повредено
Во скопската населба Дебар Маало, во близина на влезот на основното училиште „Коле Неделковски“, синоќа паднало дрво кое лесно повредило дете и оштетило паркиран автомобил.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, за „360 степени“ вели дека детето има само гребаници, а се наоѓало во близина на автомобилот врз кој падна дрвото.

Богдановиќ вели дека дрвото паднало поради исушените корени, исто како дрвото кое пред неколку дена падна на улицата „Орце Николов“ во Центар.

„Дрвото паднало само од себе. Било со зелени гранки, но со исушени корени, практично, без корени. Паднало и оштетило едно возило. Дојде полиција и направи записник. Ќе треба да се плати отштета за автомобилот. Детенцето било малку изгребано, тоа било во близина на автомобилот“,
вели Богдановиќ.