Силен ветер денеска го зафати Кавадаречко и откорна бандери и повеќе дрвја, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа.
„Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Tериторијалната противпожарна единица – Кавадарци, службите од ‘Мој општинар’ и јавното претпријатие ‘Комуналец’. Нивни екипи интервенираа на местата каде што беше потребно. Всушност, имаше проблеми со паднати бандери од кои поголемиот дел се сопственост на ЕВН и ‘Телеком’ и со искорнати дрвја по патот, предизвикани од силниот ветер на кавадаречката територија“,
соопшти Општина Каварадрци.
Оттаму апелираа до кавадарчани доколку имаат каква било потреба од интервенција, да се јават на бесплатните телефонски броеви 13 300 и 193 за да добијат поддршка во надминувањето на евентуалните проблеми.


