Во новите простории на ОЈО ГОКК ќе биде сместена и современа форензичка лабораторија опремена со поддршка на Амбасадата на САД. Во објектот на приземје и два ката, покрај работните простории за јавните обвинители и стручната служба, има посебен дел каде што ќе биде сместен Истражниот центар на ОЈО ГОКК, сала за сослушување на деца жртви и заштитени сведоци, како и конференциска сала

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК,) до крајот на месецов ќе почне да се сели во нов објект – реновиран и приспособен за потребите на обвинителството.
Станува збор за дел од поранешната зграда на Државниот архив која му беше доделена на трајно користење на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со одлуки на Владата во 2012 и во 2021 година.
„Градежните работи за реконструкција и адаптација на објектот започнаа во 2016 година, но кон крајот на 2022 година конечно беа спроведени сите активности за обезбедување на потребна документација за спроведување на јавна набавка за градежни активности неопходни за непречено преселување на обвинителството во новите простории. Објектот е опремен преку Инструментот за претпристапна помош н ЕУ (ИПА), а дел од опремата и мебелот се преземени и од поранешното Специјално јавно обвинителство“,
соопштија од Обвинителството.
Во новите простории на ОЈО ГОКК ќе биде сместена и современа форензичка лабораторија опремена со поддршка на Амбасадата на САД. Во објектот на приземје и два ката, покрај работните простории за јавните обвинители и стручната служба, има посебен дел каде што ќе биде сместен Истражниот центар на ОЈО ГОКК, сала за сослушување на деца жртви и заштитени сведоци, како и конференциска сала.