Новите еколошки автобуси на гас од денеска ќе се користат за јавниот градски превоз во Скопје, најави градоначалникот Петре Шилегов.
„Еден поинаков јавен превоз… Скопје, една поинаква приказна“,
вели Шилегов во најавата.
Од утрово тие може да се забележат по улиците.
Град Скопје потпиша договор со хрватски МАН за набавка на 33 нови автобуси на гас кои ќе бидат дел од возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), од кои 21 се нископодни со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со капацитет од 149 патници. Задоволуваат стандарди за емисија на издувни гасови ЕУРО 6.