Маршот од пред Универзалната сала продолжи кон Владата и заврши во паркот „Жена-борец“ спроти Собранието каде се очекува да се одржат говори. Од Платформата за родова еднаквост истакнуваа дека 8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази, туку за феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија

Со пароли и извици ,,Жени, живот, слобода!’’, ,,Доста со силеџиство!” и ,,Правда и слобода!” точно во 13 часот од пред Универзалната сала во Скопје тргна маршот за женски права во организација на Платформата за родова еднаквост.

Поводот е Меѓународниот ден на жената – 8 Март, а годинава маршот е со главниот слоган „Нека јадат ружи!“.

Маршот од Универзална продолжи кон Владата и заврши во паркот „Жена-борец“ спроти Собранието каде се очекува да се одржат говори.

Во најавта за маршот, организаторот повика на женски марш и солидарен женски бојкот за да се одбележи денот на економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените.

Од Платформата за родова еднаквост истакнуваа дека 8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази, туку за феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија.