Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како се симнува по скали, со порака дека неговиот пат кон закрепнување е „јасен, но долг“.

Како објаснување на фотографијата во берлинската болница на која се гледа дека е во многу подобра здравствена состојба од онаа пред четири дена, тој наведува дека сè уште има тешкотии во качувањето по скали, бидејќи чувствува слабост во нозете.
Навални, кој откри корупција во врвот на Русија, беше примен на одделот за интензивна нега во болницата во Омск на 20 август, откако одеднаш му се слоши за време на авионски лет од Сибир кон Москва.
Двата часа кои му го спасија животот на Навални
Тој беше префрлен во Германија два дена подоцна, каде што лекарите заклучија дека бил отруен од нервниот агенс новичок, кој потекнува уште од времето на Советскиот сојуз.
Навални е отруен со новичок, потврдија лаборатории од Франција и Шведска
Пред неколку дена, исто така на Инстаграм, објави видео од хотелската соба во која престојувал во Томск, каде тврди дека му бил ставен отровот во шишињата со вода.