Министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнс во МНР го означија последниот чин од формализирањето на нашето членство во НАТО кое се случи во Вашингтон.

Веднаш по кратките изјави, тие наместо да се ракуваат, ги допреа лактите, што стана препознатлив поздрав во светот по појавата на епидемијата со коронавирусот.