Најмалку 15 лица загинаа во пожар што избувна во ноќен клуб во Русија во градот Кострома, на околу 300 километри од Москва, соопштија локалните власти.
Пожарот избувнал ноќта меѓу петокот и саботата во кафулето Полигон и бил изгаснат рано изутрината.
Итната помош соопшти дека е можно пожарот да избувнал поради пиротехнички средства. Се трага по гостинот што употребил пиротехнички пиштол внатре во кафулето.
Според властите, пожарот се проширил на површина од 3 500 квадратни метри.
Агенцијата ,,Риа новости”, повикувајќи се на полициски извор, објави дека 250 лица биле евакуирани од зградата каде што избувнал пожарот.