На седница за Извршниот комитет во саботата, една недела пред гласањето од вториот круг, партијата уште еднаш ја реафирмираше поддршката за кандидатите од Алијанса за Албанците и Алтернатива, а исто така повика да се гласа и за сите останатите кандидати кои се борат против актуелната власт
Во пресрет на вториот круг од локалните избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го посети Гостивар за уште еднаш да ја покаже поддршката за кандидатот за градоначалник, Арбен Таравари, од Алијанса за Албанците и Алтернатива.
„На чај во Гостивар, со актуелниот и идниот градоначалник Арбен Таравари, заеднички, да се обединиме за новата иднина која доаѓа набрзо“,
повика Мицкоски на Фејсбук објавувајќи фотографии со Таравари.
Со оглед дека нема свој кандидат во овој град, ВМРО-ДПМНЕ го поддржа Таравари и во првиот круг од локалните избори.
На седница за Извршниот комитет во саботата, една недела пред гласањето од вториот круг партијата уште еднаш ја реафирмираше поддршката за кандидатите од Алијанса за Албанците и Алтернатива, а исто така повика да се гласа и за сите останатите кандидати кои се борат против актуелната власт, вклучително и во Куманово за Максим Димитриевски.