Тој во говорот се осврна на синтагмата со која го нарекуваат политичките противници – најистурениот градоначалник (шпицен градоначалник, како што го нарече градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска н.з.) и посочи дека ако главната забелешка е тоа што работи со градоначалниците „тогаш можам да кажам дека сме на вистинскиот пат“
Мицкоски најави дека општините ќе почнат со издавање на општински обврзници кои ќе може да ги купува секое домаќинство, правно или физичко лице и кои ќе се употребуваат за градење на капитални проекти, улици, патишта, булевари, водоводи канализации, нови градинки и нови училишта, па дури и економски општински зони
По многу часови напорна работа, по многу непроспиени ноќи поминати во комуникација со градоначалниците, по многу пот, пожртвувана работа, посветеност, можам да кажам дека сум задоволен од она што се постигна, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на отворањето на настанот под слоган „Саем за промени што носат иднина“, организиран од партијата, на кој отчет за сработеното треба да дадат градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, по победата на минатогодишните локални избори.

Мицкоски истакна дека најголемата придобивка е што се чувствуваат промените што носат иднина и дека тие се малата, но многу значајна надеж дека може поинаку“.
„Започнавме да градиме една поинаква слика и покажуваме со дела дека може поинаку, може подобро и може она што е најважно да се работи чесно. Поминавме година без ниту еден скандал во локалната самоуправа, со многу вратени стари долгови во општините кои беа блокирани, со многу почнати нови проекти, но и еден поинаков однос кон решенијата. Проблеми кои се решаваат заедно со граѓаните. Срушена е бариерата која со децении постои помеѓу граѓанинот и политичарот…И знам дека не може да се решат сите проблеми, ниту пак тоа го ветивме, но затоа се трудиме со сите сили да решиме што е можно повеќе проблеми и да не заборавиме ниту за миг сè што ветивме“,
рече лидерот на партијата, потенцирајќи дека сето тоа е постигнато во услови на тешка економска и политичка криза, на грчевита борба и опструкции од централната власт.
Тој во говорот се осврна на синтагмата со која го нарекуваат политичките противници – најистурениот градоначалник (шпицен градоначалник, како што го нарече градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска н.з.) и посочи дека ако главната забелешка е тоа што работи со градоначалниците „тогаш можам да кажам дека сме на вистинскиот пат“.

„Затоа сум задоволен од постигнатото, а најмногу што го одржавме зборот. Промените се гледаат во резултатите и во делата. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за само 365 дена од мандатот отпочнаа со градба или реализираа проекти во вредност од 7.458.790.588 денари или близу 120 милиони евра. Резултат за почит. Ако имаме предвид дека власта, имајќи го на располагање целиот рекорден буџет за оваа година, реализираше нешто повеќе од оваа бројка, тогаш само по себе можете да забележите колкав е подвигот на овие луѓе, нивниот тим, администрацијата, но и на сите нас, на вас и граѓаните кои цело време им даваат поддршка да ги реализираат тие проекти“,
рече Мицкоски.
Како најголема придобивка од изминатите 365 дена колку што управува партијата со најголем дел од општините по минатогодишната изборна победа, Мицкоски ја истакна родената искра надеж и најави борба против , како што рече, апатијата во општенството.

„Власта овие години брутално си поигруваше со судбината на многумина намерно и свесно за да се обесхрабри народот, за да завладее апатија, да се донесе незаинтересираноста, за да се помине полесно. И така многу често народот знае да каже си патиме од реченицата која не е само потврдна форма на ужасот кој го живее секој човек, туку и израз на најголемата апатија и помиреност со таквиот ужас –„Е ТОА Е”. И кога инфлацијата растеше некои велеа „е тоа е, секаде е лошо“. И кога Уставот го менуваа пред неколку години, изразот беше „е тоа е, така требало да биде”. И кога беше предлогот за преговарачка рамка некои велеa „е тоа е, мора така да биде”…Јас велам доста е, од „тоа е“. Доста е од порази што внесуваат несигурност, ја уништуваат самодовербата. И сево ова мора да го смениме. Тоа е потврдната карта на власта да продолжи со распродажба и да ја уништува нашата Македонија. Затоа што апатијата не смее да биде поголема од желбата да успееме, и затоа е потребна надежта која се роди во изминатава година. Она што мора да го објавиме е широк фронт против таа апатија која ја разорува земјата и од која не може да се видат јасно работите, поради која многумина велат сите сте исти, кога не сме, кога многумина акцијата ја заменуваат со пасивизација и поради сè заедно, ние пополека ја губиме Македонија“,
порача Мицкоски.
Зборувајќи за иднината, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека од секој градоначалник , како што побарал и пред минатогодишните избори, очекува да го избркаат секој новокомпониран инстант бизнисмен кој сака да се добере до градежна маркичка, кон трошењето на општинските пари да се однесуваат како кон свои пари, зеленилото да не заменува со бетон, да не смее да има урбано место без аканализација или водовод и да се борат за секое работно место.

Мицкоски најави дека општините ќе почнат со издавање на општински обврзници кои ќе може да ги купува секое домаќинство, правно или физичко лице и кои ќе се употребуваат за градење на капитални проекти, улици, патишта, булевари, водоводи канализации, нови градинки и нови училишта, па дури и економски општински зони.
„За разлика од сега, каматната стапка за депозит во банка е до 0.5%, каматните стапки за седумгодишен период на граѓаните и компаниите кои ќе учествуваат во купувањето на овие обврзници, ќе бидат 9 до 10 пати поголеми односно ќе се движат од од 4,5 до 5%. Така општините ќе дојдат до свежи пари, граѓаните и компаниите кои ќе дојдат до тие средства ќе можат да очекуваат за неколику проценти повисока камата и заработувачка, а населението и граѓаните во Македонија многу нови проекти. Оваа новина која до сега не била спроведена очекувам да започне до крајот на оваа или најдоцна до почетокот на наредната година. За прв пат до сега градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги планираат буџетите заедно со граѓаните и според нивните потреби. Ќе се отворат вратите за предлози, идеи и потреби на граѓаните, компаниите и општествените чинители и во консултација со нив ќе се испланираат активностите за наредната година. Ова ќе биде системска акција која ќе се реализира организирано во неделите до крајот на годината. Буџет заедно со народот, наместо затворени во канцеларии и без слух за реалните потреби“,
најави Мицкоски, изразувајќи, на крајот од својот говор, благодарност до тимот кој го организирал настанот.