Неидентификуван маж почина откако денеска прво удри со својот автомобил во барикада во близина на американскиот Капитол, а потоа пукаше во воздух пред да го сврти пиштолот кон себе, соопшти полицијата.
Официјални лица рекоа дека не го утврдиле мотивот, но велат дека нема индикации дека целта на мажот биле членовите на Конгресот кои во моментов се на одмор, пишува „Гардијан“.
Кога излегол од автомобилот, возилото било зафатено од пламен, испукал неколку куршуми во воздух, па се застрелал кога полицајците се приближиле.
„Во овој момент нема индиции дека цел на нападот биле членови на Конгресот кои се на одмор и нема информации дека полицајците употребиле оружје“,
соопшти полицијата.
Вработените и во двата дома на Конгресот се на одмор и многу малку луѓе работат во Капитол во овој момент. Властите исто така известија дека никој друг не е повреден во инцидентот.