Добре дојде за претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во преубавиот и сончев Охрид, објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на Фејсбук по пречекот на аеродром.
Тој вели дека денеска е значаен ден за иднината на европската перспектива и одлична можност Западен Балкан да отвори нова страница во меѓусоседските односи.
„Даваме силна поддршка за преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, за да се дојде до добро европско решение. Oвозможиvме услови и атмосфера за средбата помеѓу Курти и Вичиќ. Се надевам дека со добри вести ќе заминат од нашата земја“,
напиша Маричиќ.
Охрид е местото каде што денеска ќе се одржи нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина. Поради средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, градот е под посебни бебзедносни мерки.
На состанокот на кој ќе посредува високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, а чиј домаќин е македонскиот премиер Димитар Ковачевски, се очекува да се разговара за анексот на предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, кој се однесува на имплементација на договорот што начелно беше одобрен од двете страни.