Четири камиони изгореле на плац во Општина Бутел во Скопје, соопшти доцна синоќа Противпожарната бригада на Град Скопје.
„Интервенција на паркинг за камиони во населбата Бутел. Запалени 4 товарни возила марка ’волво‘. Брза и навремена интервенција спречи палење на повеќе паркирани камиони и приколки“,
известија од скопската пожарна.
Според информациите објавени синоќа околу 12:30 часот, пожарот бил ставен под контрола и пожарникарите продолжиле да работат на негово целосно гаснење.