На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но метеж има на два гранични премини.
Како што соопшти АМСМ, на „Табановце“ се чека за влез во земјава од Србија, додека на „Богородица“ се чека за излез кон Грција
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП ’Табановце‘ за влез и ГП ’Богородица‘ за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 40 минути“,
пишува во извештајот на АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.