Огнот се шири со голема брзина и ветерот може да ја влоши ситуацијата уште повеќе
Голем пожар го зафати ридот над црногорскиот град Пераст, но засега нема загрозени објекти, објави вечерва РТЦГ.
Телевизијата објави фотографија од фејсбук-профилот на еколошкиот активист Александар Драгиќевиќ, кој вели дека пожарот се приближува до зградите.
На неговата објава повеќе лица објавуваат фотографии на кои се гледа како гори шумскиот појас над Пераст.
Огнот се шири со голема брзина и ветерот може да ја влоши ситуацијата уште повеќе.
Противпожарните екипи се на терен, објави телевизијата.