Проектили погодиле згради на полицијата, Службата за безбедност на Украина и Националниот универзитет „Каразин“ во 8:10 часот по локално време
Службите за итни ситуации во украинскиот град Харков соопштија дека четири лица се убиени во руското гранатирање утринава.
Проектили погодиле згради на полицијата, Службата за безбедност на Украина и Националниот универзитет „Каразин“ во 8:10 часот по локално време (6:10 по Гринич).
Фотографиите од утринава покажуваат како пожарникарите се борат со пожарите во универзитетската зграда и полициската станица по нападот.
Градоначалникот на градот вели дека Харков е делумно опколен од руската армија, која украинската војска во моментов „херојски“ ја задржува.
Претходните извештаи беа дека во жестоките гранатирања на вториот најнаселен град во Украина загинале најмалку 21 лице, а 112 се ранети, пренесе Би-би-си.