Во склоп на арената се наоѓаат продажни салони за бела техника, продавница за спортска опрема, банка, просториите на телевизијата Сител и др.
Закана за поставена бомба утрово пристигнала и во Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, по што се евакуираат вработените.
Во објектот, покрај стадионот, се наоѓаат и просториите на телевизија Сител, една банка, маркет, три продажни салони за бела техника, една поголема продавница за спортска опрема и ресторан.



Покрај Националната арена „Тодор Проески“, денеска цел на заканувачите се и други спортски објекти: салата „Борис Трајковски“ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Според информациите од МВР, дојави денеска наутро стигнале и до 10 училишта во Скопје и пет во Битола, како и до трговскиот центар „Ист гејт мол“ и Меѓународниот аеродром „Скопје“.
Исто така, и во два познати скопски хотели: „Мериот“ и „Александар Палас“ каде што требаше да се одржи годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија, а на која беше најавено присуство на премиерот Димитар Ковачевски и министрите за економија и финансии, Крешник Бектеши и Фатмир Бесими.