„Дрим-тимот“ кој беше во канцеларијата на Груби го сочинуваат актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини
Вицепремиерот Артан Груби попладнево на својот фејсбук-профил објави фотографии направени во неговата канцеларија во Министерството за политички систем. Но, овојпат фотографиите беа малку поразлични и неформални. Она што може да се види е како Груби, заедно со останатите министри од ДУИ, се рекреира во просториите на министерството каде што има мал пластичен гол, фудбалска топка, а поставен е и кош.
Во описот на фотографиите Груби пишува:
„Дрим тим. По долг и предизвикувачки ден, придружна антистрес дружба за одбележување на заедничкиот успех. Денес е голем ден!“
„Дрим-тимот“ на Груби го сочинуваат актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини.
Груби во објавата не споменува зошто денешниот ден е голем, но пред оваа антистрес дружба министрите беа на владина седница каде што се одобри склучувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д. За ова Груби во претходните објави напиша дека е „историски ден“.