Министерот за здравство Венко Филипче објави фотографии од вработените во лабораторијата во која се изработуваат тестовите за коронавирусот и порача дека тие се таму деноноќно, а граѓаните да седат дома.
„Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период“, порача Филипче.