Според информациите од терен, евакуирани се вработените во Македонската опера и балет, како и од околните институции и установи, а приодите кон овој дел од градот се затворени
Полицијата го блокира центарот на Скопје, по дојава дека е поставена бомба во објектот на Македонската опера и балет (МОБ).
Според неофицијални информации, по 16 часот било пријавено дека е поставена експлозивна направа во МОБ во чија околина се и објектите на Министерството за надворешни работи, Македонската филхармонија, Музичкиот и балетски училишен центар “Илија Николовски – Луј“.





Според информациите од терен, евакуирани се вработените во овие институции, како и учениците во „Илија Николовски – Луј“.
Полицијата ги проверува наводите за поставена бомба, додека речиси сите улици и приоди кон овој дел од градот се затворени за сообраќај и за движење.
Пред извесно време имаше лажна дојава за поставена бомба во Градскиот трговски центар, а пред неколку месеци испадна лажна и дојавата дека е поставена експлозивна направа пред Владата.