Ова е втор инцидент во Охрид. Првиот инцидент беше по отворањето на клубот кога беше оштетена таблата додека внатре имало граѓани
Просториите на граѓанското здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид се повторно демолирани, објавија бугарските медиуми.

Инцидентот се случил ноќеска меѓу 1 и 2 часот по полноќ, кога прозорците на просторијата биле искршени со камења, по што полицијата извршила увид. Како што објавуваат бугарските медиуми, одговорен за инцидентот бил 47-годишен жител на Охрид кој во полиција сам признал дека е извршител на делото.
СВР Охрид денеска соопшти дека оштетувањето било пријавено ноќеска во 2 часот и 5 минути.
„Во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло од излог на Здружение на граѓани ‘Цар Борис III’, лоцирано на булеварот ‘Македонски просветители’ во Охрид. Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот“,
изјави за МИА портпаролот Стефан Димоски.
Оштетувањето, според првичните информации, било направено со тврд предмет, камен.
Ова е втор инцидент во Охрид. Првиот инцидент беше по отворањето на клубот, кога беше оштетена таблата додека внатре имало граѓани.