Во објавата на Фејсбук, Митева пишува дека со ваквиот чин некој се обидува да ги заплаши неа и партијата, зашто, како што вели, „знаат дека ќе има одговорност за сите криминали“. Наместо заплашување, ваквите потези предизвикуваат уште поголема храброст кај ВМРО-ДПМНЕ, порача портпаролката на опозициската партија
Портпаролката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, Марија Митева, на својот фејсбук-профил објави дека утринава го затекнала својот автомобил искршен и демолиран.
„Понеделничкото утро мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано“,
пишува во објавата на Фејсбук на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.
Митева објави и фотографии на кои се гледа искршеното задно ветробранско стакло на автомобилот.


Во објавата на Фејсбук, Митева пишува дека со ваквиот чин некој се обидува да ги заплаши неа и партијата, зашто, како што вели, „знаат дека ќе има одговорност за сите криминали“. Но, наместо заплашување, таа вели дека ваквите потези предизвикуваат уште поголема храброст кај неа и кај ВМРО-ДПМНЕ.
„Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да нè заплашуваат и нас. Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100 проценти уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има“,
пишува Митева на Фејсбук.