Екипи на МВР се испратени на терен
Автомобил „пежо“ со скопски таблички пропаднал во езерце во Градскиот парк, а според информациите на МВР, нема повредени лица .
Од МВР велат дека се испратени екипи на терен со цел да утврдат за што точно се работи.
До Територијалната противпожарна единица на Град Скопје досега нема пријава за евентуална интервенција.
Слика со пропаднатиот автомобил беше објавен на фејсбук-страницата „Ние сме од Скопје“.