Во обраќањето пред членовите на Европскиот парламент, Фон дер Лајен порача дека ЕУ им е должна на младите луѓе од регионот кои веруваат во иднината на Европа
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека во септември ќе го посети Западен Балкан и нагласи дека инвестирањето во иднината на тој регион е инвестирање во иднината на Европската Унија.
„Пред крајот на месецот ќе одам во регионот за да испратам јасен сигнал за нашата посветеност кон процесот на проширување“,
рече Фон дер Лајен во својот говор за состојбата на Унијата.
Во обраќањето пред членовите на Европскиот парламент, Фон дер Лајен порача дека ЕУ им е должна на младите луѓе од регионот кои веруваат во иднината на Европа.
Фон дер Лајен најави и поддршка преку нов Економски и инвестициски план.
„Инвестирањето во иднината на Западен Балкан е инвестирање во иднината на ЕУ“,
рече претседателката на ЕК.