Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му честиташе на Димитар Ковачевски за изборот за нов премиер на Северна Македонија.
Таа на Твитер напиша дека со нетрпение очекува да работи со новоизбраната Влада, како што наведува, за да ги поттикнеме реформите поврзани со ЕУ.
„Честитки до премиерот Ковачевски! Со нетрпение очекувам да работам со вашата Влада за да ги поттикнеме реформите поврзани со ЕУ. Ја поздравувам вашата клучна заложба за добрососедски односи“,
напиша Фон дер Лајен.