Претседателката на Европската комисија неодамна предложи земјите во ЕУ постепено да го укинат увозот на руска нафта, во рок од шести месеци, како и рафинирани производи до крајот на годината
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека е убедена дека во Европската Унија ќе биде одобрен новиот пакет санкции за Русија и дека ЕУ мора да ја намали својата зависност од рускиот гас бидејќи Русија повеќе е „доверлив партнер“.
„Убедена сум дека овој пакет ќе го реализираме. Ако треба да биде тоа за ден повеќе, тогаш во ред, но се движиме во вистински правец“,
изјави таа, пренесува Ројтерс.
Фон дер Лајен уште еднаш повтори дека Унијата е на страната на Украина во оваа војна.
„Сакаме Украина да победи во оваа војна“,
истакна таа.
Претставниците на ЕУ денеска повторно ќе се сретнат за да разговараат за предложениот пакет санкции за Русија, а се очекува разговорите да траат и за време на викендот.
Претседателката на Европската Комисија неодамна предложи земјите во ЕУ постепено да го укинат увозот на руска нафта, во рок од шести месеци, како и рафинирани производи до крајот на годината, во рамките на шестиот пакет санкции на ЕУ кон Русија.
За овие мерки да стапат во сила, предлогот мора да го одобрат сите држави членки на Унијата, а неподготвеност за ова владее во Унгарија, Словачка и Чешка, кои веќе изразија негодување во тоа да го поддржат ембаргото на руски фосилни горива, што претставува пречка за единствен одговор на ЕУ.