Со уредба донесена од Владата се овозможува секоја фирма да издава фактури во електронска форма, во насока на превенција од ширењето на коронавирусот, соопштија од Министерството за финансии.
„Доколку компанијата поседува е-маил или контакт телефон од купувачот ќе може да почне да му ги испраќа фактурите по електронски пат. Доколку не поседува ќе продолжи да ги испраќа во печатена форма по пошта на тие приматели. Примачот на фактурата, доколку не сака да добива сметка/фактура по електронски пат во рок од 10 дена од приемот ќе може да информира дека претпочита хартиена форма. Доколку не одговори ќе се смета дека се согласил. Фактурата во електронска форма ќе мора да ги содржи сите елементи за цели на ДДВ“,
соопштија од Министерството за финансии.
Од Министерството посочуваат дека опцијата за печатена фактура за оние граѓани и фирми кои го преферираат тоа и понатаму е отворена.