Финските власти велат дека неодамнешниот пораст на баратели на азил кои пристигнуваат преку Русија е оркестриран потег на Москва како одмазда за одлуката на оваа нордиска земја да ја зголеми одбранбената соработка со САД
Финска повторно ќе ја затвори целата своја граница со Русија за да го запре приливот на баратели на азил, изјави министерката за внатрешни работи Мари Рантанен, пренесува Ројтерс.
Оваа најава, како што се наведува, доаѓа само неколку часа откако Финска го олабави двонеделното затворање на сите патишта меѓу двете земји.
„Сега тој феномен повторно започна и ќе ја затвориме целата граница“,
вели Рантанен.
Финските власти велат дека неодамнешниот пораст на баратели на азил кои пристигнуваат преку Русија е оркестриран потег на Москва како одмазда за одлуката на оваа нордиска земја да ја зголеми одбранбената соработка со САД, обвинение кое Кремљ го негира.
Денеска се отворени два гранични премини, а 36 лица поднеле барање за азил, соопшти финската гранична полиција.
Минатиот месец во Финска од Русија влегле околу 900 граѓани на Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен.