Педесет и деветгодишна жена од Неготино остана без ветените 10 илјади евра кои требало да ги добиено по продажбата на својот автомобил. Таа и нејзиниот сопруг склучиле купопродажен договор на нотар со лицето А.М. (18) од село Патишка Река, Сопиште, со цел да му го продадат нивниот автомобил „ауди а4“.
Се договориле дека откако ќе го потпишат договорот ќе отидат до банка во Неготино за А.М. да ги извади парите кои требало да им ги исплати за купувањето на возилото. А.М. цело време бил придружуван и од неговиот брат Н.М. и сите четворица се упатиле кон банката. А.М. влегол внатре, а останатите го чекале надвор.
По некое време, Н.М. рекол дека ќе оди да провери до каде е брат му и двајцата повеќе не се вратиле. За кусо време во банката отишле и пријавителката со сопругот, но не ги пронашле ни лицата ниту возилото, по што заклучиле дека се измамени.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.