Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „360 Степени“ зборуваше за тестовите за коронавирусот кои се прават во приватната болница „Систина“ и дали тие даваат кредибилен резултат.
„Единствената разлика е во тоа што во овој момент во болницата Систина има таков единствен тип на тестови коишто ги детектираат антителата а не самиот вирус.
рече Филипче.
Дали е точно дека ако тестот се направи во одреден период од развојот на болеста, дека може да детектира и присуство на вирусот?
„Да, но тој треба да се докаже со посебен тест. Во таа смисла детектирањето на вирусот кај носителот, кај пациент, значи дека тој е позитивен, дека тој може да ја шири болеста и во таа смисла, само тие пациенти влегуваат во статистиката како заболени пациенти од тој вирус“,
вели Филипче.
Тој појасни дека тие што добиле позитивен резултат на ваквите тестови мора да направат тест за присуство на вирусот затоа што само тоа може да каже дали во дадена фаза е носител на вирусот и може да ја прошири болеста или не.
Филипче рече дека има секојдневна комуникација меѓу сите приватни лаборатории каде се прават тестовите и меѓу Институтот за јавно здравје.