Нашата проценка е дека некаде до крајот на летото може да се постигне колективен имунитет имајќи ги предвид сите количини вакцини кои треба да пристигнат во нашата земја, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во неделното интервју на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Тој вели дека процентот на вакцинација којшто ќе биде доволен за да се стекне таканаречениот колективен имунитет е околу 60 отсто.
Министерот најавува дека на 15 мај се очекува да пристигнат уште стотина илјади вакцини од „Синофарм“, а до крајот на месецот и количината од 500 000 вакцини од кинеската „Синовак“. На прашањето околу ефикасноста на „Синовак“, тој вели дека нема никакви дилеми.
„Сите вакцини се еднакво ефикасни во однос на спречувањето на тешка форма на болест и од смртен исход како резултат на болеста и тоа е потврдено со сите клинички испитувања, со сите испитувања коишто се понатаму направени. После давањето на апликација голем број на земји, сериозно големи земји, ја дистрибуираат таа вакцина, на пример Турција, понатаму Бразил, таму се резултатите навистина добри, нема никаков сомнеж во ефикасноста на ниту една вакцина, впрочем тоа што и Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови сега ги евалуираат и сите други вакцини од други производители кои засега од нив не се одобрени, ни укажува на тоа дека сите вакцини се ефикасни и дека комбинацијата на вакцини конечно треба да биде и ефективна, односно да ја смени сликата на пандемијата насекаде во светот“,
вели Филипче во интервјуто за РСЕ.
Целото интервју можете да го погледнете ТУКА.