Министерот за здравство изјави неодамна дека нема ништо против да ја прими вакцината на „Синофарм“, откако во земјава стигнаа 200 000 дози од кинескиот производител
Министерот за здравство д-р Венко Филипче утре на вакциналниот пункт во „А1 арената“ во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се вакцинира против ковид-19.
Тој изјави неодамна дека нема ништо против да ја прими вакцината на „Синофарм“, откако во земјава стигнаа 200 000 дози од кинескиот производител.
Денеска вакцина на „Синофарм“ прими премиерот Зоран Заев, кој изјави потоа дека верува дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на население кое ќе биде вакцинирано и тоа тоа ќе придонесе за менување на сликата на епидемијата кај нас.