Министерот за здравство, Венко Филипче, ги повика граѓаните да се приклучат во вибер група за коронавирус за да добиваат точни информации за состојбата со ковид-19.
„Ги повикувам сите граѓани да се приклучат на ’Коронавирус МК Koronavirus‘ вибер-заедницата. Добивајте точни, официјални и брзи информации поврзани со КОВИД-19 на својот мобилен телефон. Ова е прв владин комуникациски канал на Вибер (Viber Community) отворен за целосно и навремено информирање на граѓаните за сите мерки за справување со коронавирусот“,
повика Филипче.
Повик денеска упатија и од Владата
„Целта на новиот канал за комуникација на Вибер е брзо, целосно и точно информирање на граѓаните за сите мерки за справување со коронавирусот од институциите, најнови информации од Министерството за здравство, како и помош на сите граѓани на кои им е потребна точна информација поврзана со ситуацијата“,
порачаа од владината прес-служба.