Министерот за здравство Венко Филипче предмалку соопшти дека од 10 пациенти тестирани на коронавирус попладнево, за 5 резултатите се позитивни.
„Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31“,
соопшти Филипче.