Министерот за здравство Венко Филипче демантира дека по изборите на 15 јули ќе се воведат повторно рестриктивни мерки како карантин.

Во моментов, како што вели, нема најава дека е потребна некаква дополнителна мерка бидејќи здравствениот систем не е во ризик.
„Рестриктивни мерки се воведуваат тогаш кога ќе се оцени дека има ризик за здравствениот систем. Тоа е единствената дополнителна мерка освен оние што ги имаме во моментов. Моментот кога треба да се воведе таква мерка го определуваат стручните лица, но нема најава дека е потребна некаква дополнителна мерка. Изборите не се фактор при одлуките за носење мерки“,
изјави денеска Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали по примерот на Србија и кај нас се можни рестриктивни мерки по изборите.