Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил стави фотографија на која е со маска.
Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е.
Posted by Венко Филипче on Thursday, October 8, 2020
„Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е“,
се вели во објавата.
Во објавата тој потсетува и на останатите два елементи од личната заштита – дезинфекција и физичко растојание од 2 метра.

Филипче континуирано, во сите свои јавни настапи и во објавите на социјалните мрежи од почетокот на пандемијата, апелира на носење лична заштита како една од најсигурните мерки за спречување на ширењето на ковид-19.
Неговата најнова објава е во контекст на препорачаните мерки од Комисијата за заразни болести, меѓудругото, и за носење на маски и на отворено.