Министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања, по преземањето на втората пратка вакцини на „Фајзер“, донација од Србија, зборуваше и за оправдувањето на Сашо Мијалков, кој тврдеше дека не бегал од правдата, туку се изолирал поради висока температура и сомневање за зараза со коронавирусот.
Филипче изјави дека нема информации дали Мијалков бил контактиран од епидемиолози за неговата здравствена состојба.