Министерот за здравство Венко Филипче смета дека засега нема потреба заштитните маски да се носат и кога граѓаните се сами на улица, во лифт или автомобил, бидејќи вели не се знае колку време вирусот може да издржи во воздухот.
Коментирајќи ги новите наводи на СЗО дека вирусот може да се пренесува преку воздухот, Филипче рече дека заштитните маски и одржувањето на дистанца се најдобри мерки за заштита.
„Прашање е колку долго вирусот може да издржи во воздухот и дали се пренесува заедно со капките или само вирусот да лебди, тоа е се уште голема непозната. Во секој случај маската како надополнување на мерката за одржување дистанца, согласно сегашните сознанија коишто се потврдени, сметаме дека е доволна мерка за заштита“,
рече Филипче.
Тој посочи дека сите нови случаи на заболени се резултат на непочитување на мерките.
„Нема некој заболен кој ги почитувал мерките. Свеста кај граѓаните е се поголема и очигледно е дека луѓето се свесни дека ова ќе биде новиот начин за да се функционира“,
истакна Филипче.