Во денешната статистика Министерството за здравство информираше дека се потврдени 33 новозаболени лица со ковид-19, 22 оздравени и еден починат.
Бројот на новозаболените за последните 24 часа се зголеми во однос на изминатите денови кога бројките беа претежно едноцифрени.
„Денеска имаме зголемување на бројот на нови дијагностицирани. Во следниве денови ќе следиме дали оваа бројка ќе покаже некаков тренд на зголемување или не. Засега, остануваат во сила сите мерки за заштита од коронавирусот“,
рече министерот за здравство Венко Филипче.