Министерот за здравство, Венко Филипче, кој е во изолација по средбата што ја имаше со заразениот кумановски градоначалник Максим Димитриевски, на „Фејсбук“ објави видео-спот со следната порака:
„Благодариме што седите дома. Ви благодариме што спасувате животи, ги штитите сите сограѓани, вашите семејства и пријатели. Ова е ретка шанса, за секој од вас да биде херој. Секој може да направи разлика.“