Поради тоа, акциите на берзите паднаа за околу 20 отсто
Од своето основање, Фејсбук беше во константен пораст на бројот на корисници. Но, првиот пад на бројот на корисници на глобално ниво е забележан во текот на јануари оваа година.
Бројот на корисници на Фејсбук во последните три месеци од 2021 година е намален за околу половина милион.
Поради тоа, акциите на берзите паднаа за околу 20 отсто. Огромниот пад на акциите, кој ја намали пазарната вредност на компанијата, укажува дека корпоративната промена на името во Мета не била доволна за инвеститорите да заборават на проблемите и скандалите на оваа социјална мрежа.
Најголеми загуби се забележани во Латинска Америка и Африка. Податоците покажуваат дека компанијата во тој период загубила околу 20 отсто од профитот.
Фејсбук губи милион корисници дневно и во Северна Америка. Проблемот е што најголемиот дел од приходите на компанијата доаѓаат од Северна Америка.
Сепак, Фејсбук и понатаму е исклучително профитабилна компанија, која заработува повеќе од некои земји-членки на ЕУ.