Во јануари, Мадуро промовира орален раствор на база на мајчина душица како „чудотворен“ лек кој го неутрализира коронавирусот без несакани ефекти, за што лекарите тврдат дека нема научни докази
Фејсбук го „замрзна“ профилот на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро на 30 дена поради ширење дезинформации за ковид – 19. Портпаролот на компанијата изјави дека Мадуро промовирал лек за кој нема докази дека може излечи болни со ковид
Во јануари, Николас Мадуро изјави дека оралниот раствор на база на мајчина душица „Карвативир“, изјави дека е „чудотворен“ лек кој го неутрализира коронавирусот без несакани ефекти, за што лекарите тврдат дека нема научни докази.
Фејсбук го отстрани и видеото во кое Мадуро го промовира лекот затоа што, како што објаснија, ја нарушува политиката против лажни вести, со тоа што „гарантира спречување на инфекција од коронавирус или закрепнување од ковид-19“.
„Ние ги следиме упатствата на СЗО кои велат дека во моментов нема лек против вирусот. Поради повеќекратно кршење на нашите правила, ние исто така ја замрзнуваме страницата на 30 дена, и во тоа време ќе може да се користи само за читање, но не за постирање”,
изјави портпаролот на Фејсбук за Ројтерс.
Во контроверзното видео, Мадуро вели дека „Карвативир“, кој тој го нарекува „чудотворни капки“, од венецуелскиот лекар Хозе Грегорио Хернандез, може да се користи превентивно и терапевтски против коронавирусот.