Фабриката „Гентерм“ во индустриската зона во Прилеп од денеска е затворена за да биде извршена дезинфекција, откако вработен бил во близок контакт со лице позитивно на ковид-19.
„ Вработениот во моментов е во самоизолација, веднаш е тестиран за ковид-19 и ги очекува резултатите кои ќе бидат достапни во наредните два до три дена. Вработените кои биле во близок контакт во текот на работата и во транспортот со вработениот се идентификувани и се испратени дома во самоизолација во наредните 14 дена“,
информираат од фабриката, нагласувајќи дека приоритет се здравјето и безбедноста на вработените.
Од компанијата соопштуваат дека интензивно соработуваат со локалните здравствени и епидемиолошки институции и ги следи сите препораки на Светската здравствена организација за заштита од зараза со коронавирусот.