Се очекува оваа одлука да биде објавена во Службениот весник на ЕУ на денеска, а истиот ден да стапи во сила, а да се применува од 12 септември, се вели во соопштението на Советот на ЕУ
Советот на ЕУ донесе одлука за целосно суспендирање на договорот за визно олеснување меѓу ЕУ и Русија, соопшти тоа тело. Соодветно на тоа, општите прописи на визниот законик ќе важат за руските граѓани.
Ова ќе резултира со зголемување на таксата за виза од 35 на 80 долари, потреба од поднесување дополнителни документи како доказ, зголемување на времето за одлучување и построги правила за издавање визи за повеќекратни влезови, се вели во соопштението.
„Договорот за визно олеснување обезбедува привилегиран пристап до граѓаните на ЕУ од доверливи партнери со кои ги споделуваме истите вредности. Со неиспровоцирана и неоправдана агресија, вклучително и нејзините неселективни напади врз цивили, Русија ја изневери таа доверба и ги погази основните вредности на нашата меѓународна заедница. Денешната одлука е директна последица на дејствијата на Русија и дополнителен доказ за нашата непоколеблива посветеност на Украина и нејзиниот народ“,
изјави Вит Ракусан, министер за внатрешни работи на Чешката Република, која во моментов претседава со ЕУ.
Се очекува оваа одлука да биде објавена во Службениот весник на ЕУ на денеска, а истиот ден да стапи во сила, а да се применува од 12 септември, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.
Високиот претставник за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, на крај на август изјави дека целосната забрана за влез на Руси во Унијата „не е добра идеја“, по медиумските извештаи дека земјите членки се подготвуваат да го суспендираат визниот договор со Москва, а против беа и Германија и Франција.
Откако некои европски земји објавија дека ќе ги укинат визите за руските граѓани поради инвазијата на Украина, многу жители таму побрзаа да добијат европски визи пред официјално да стапи на сила забраната.
Оваа идеја беше иницирана од Финска и Естонија, а постапката набрзо ја поздравија и другите балтички земји.