Обновени податоци за населението се суштински за планирање и имплементирање на соодветни социјални, демографски и економски политики, изјави за МИА портпаролката на ЕК
Европската комисија го поздрави спроведувањето на пописот во Северна Македонија, нарекувајќи го големо достигнување.
По објавувањето на резултатите од пописот, портпаролката на ЕК, Ана Писонеро, изјави за МИА дека Комисијата го поздравува пописот, спроведен првпат од 2002 година.
„Ова е големо достигнување: обновени податоци за населението се суштински за планирање и имплементирање на соодветни социјални, демографски и економски политики за бенефит на сите граѓани“,
изјави Писонеро.
При денешната презентација на податоците од пописот, кој беше спроведен од 5 до 30 септември минатата година, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, нагласи дека операцијата е реализирана во исклучително тешки временски услови.
„Прво беше септември, продолжено лето. Луѓето го искористија овој топол период да користат одмори, и после година и половина беа на одмор. Многу луѓе не беа физички тука. Таму остававме пораки дека дошле попишувачи, остававме телефони. Добар дел од граѓаните се јавија и беа попишани, дел не“,
рече Симовски.
Потоа, нагласи, имаше интензивни работи во земјоделството, имаше и ковид-пандемија и луѓето се плашеа да отворат врати, но и други причини.
„ДЗС има обврска со пописот да прикаже реална слика на состојбите. Каква ќе биде таа слика ниту знаевме, ниту се водевме по желбите и очекувањата на кој било. Нашата обврска беше и тоа го направивме, да ја прикажеме реалната состојба во државата. Дали тоа некому ќе му се допаѓа или не нема да коментираме“,
рече Симовски.
*Повеќе вести поврзани со пописот:
- Објавени резултатите од пописот 2021: Во земјава живеат 1 836 713 лица
- Пописот низ етничка призма: Во земјава живеат 58,44% Македонци, 24,3% Албанци, 7,2% „непрашани“, 3,8% Турци…
- Кај 132 260 жители графата за етничката припадност е празна, најмногу ги има во Скопје, Куманово и Струмица
- Во земјава живеат 3 504 лица што се декларираат како Бугари
- Попис 2021: Скопје има речиси 20 илјади жители и над 50 илјади стана повеќе од 2002 година
- Ковачевски: Пописот содржи релевантни информации
- Ахмети се огласи за пописот: Во Скопје сега има 22,8% проценти Албанци, наспроти од 20,04% во 2002 г.
- Крмов: Левица нема да го признае овој фингиран попис
- Европската комисија за пописот: Големо достигнување