Во резолуцијата, усвоена на првото заседание на Европскиот парламент по изборите, европратениците ја оценија посетата на Орбан на Русија како флагрантно кршење на договорите на ЕУ и заедничката надворешна политика
Европскиот парламент (ЕП) денеска остро го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан за неговата посета на Русија неодамна откако Унгарија го презеде шестмесечното претседателство со ЕУ.
Во резолуцијата, усвоена на првото заседание на Европскиот парламент по изборите, европратениците ја оценија посетата на Орбан на Русија како флагрантно кршење на договорите на ЕУ и заедничката надворешна политика.
„ЕП смета дека оваа повреда треба да има последици за Унгарија“,
се наведува во резолуцијата.
Резолуцијата, кој вклучуваше и делови за континуирана поддршка на ЕУ за Украина, беше усвоена со големо мнозинство од 495 европратеници наспроти 137 кои се изјаснија „против“ и 47 „воздржани“.
Документот не беше поддржан од пратениците од унгарската централно-десничарска партија Тиса.
Унгарскиот премиер претходно овој месец беше критикуван од многу членки на Европската Унија за неговата ненадејна посета на Русија и Пекинг каде што се сретна со рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Кси Ѓинпинг, без поддршка од европскиот блок.