Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да ги замени руските воени заробеници за безбедна евакуација за цивилите и украинските војници од Мариупол
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на Телеграм објави дека „хуманитарниот коридор од Мариупол денеска не функционира како што било планирано“.
Иако десетици луѓе успеаја да го напуштат градот и даа заминат во Запорожје, градоначалникот на Мариупол се надеваше дека околу 6 000 ќе бидат евакуирани денеска.
Верешчук рече дека овој неуспех се должи на „недостатокот на контрола на Русија врз сопствената војска на теренот“.
Таа додаде дека „окупаторите не можеле да обезбедат навремен превоз на луѓе до точка каде што чекале десетици автобуси и амбулантни возила“.
Градскиот совет на Мариупол ја обвини Русија за „неорганизираност и негрижа“.
Напорите за евакуација ќе продолжат утре, рече Верешчук.
Некои цивили кои беа заробени со недели во разурнатиот украински пристанишен град Мариупол денеска успејаа да заминат, но властите велат дека се многу помалку од очекуваното, без да кажат конкретни бројки.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да ги замени руските воени заробеници за безбедна евакуација за цивилите и украинските војници од Мариупол.
Зеленски рече дека има околу 1 000 цивили кои се засолнети во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол и додаде дека ситуацијата во опколениот град се влошува, со стотици ранети.