„Еурофарм“ денеска потпиша договор за набавка на 50 медицински кревети кои ќе бидат донирани за потребите на Инфективната клиника во Скопје, соопштија од компанијата.
„Од почетокот на кризата до денес успеавме да одговориме на сите предизвици со максимална ангажираност на сите вработени. Најголем дел од нас, вработените во ‘Еурофарм’ сме на првата линија на справување со пандемијата. Успеавме да ги одржиме активни сите постојни капацитети и да овозможиме непрекинато снабдување со лекови и медицинска опрема до аптеките и населението во нашата држава“,
велат од „Еурофарм“.
Со свои донации компанијата е вклучена и во секојдневното снабдување со потребните лекови (дневна терапија) за граѓаните и оние кои се наоѓаат во државен карантин.
„Исто така, во досегашниот период обезбедивме и неколку помали донации од медицински и хигиенски средства за други јавни, здравствени и социјални институции во нашата земја“,
посочуваат од компанијата.
И во наредниот период, велат, ќе останат посветени на справувањето со ситуацијата и ќе се трудат целосно да ги одржат во функција своите капацитети.