Хрватската репрезентација ќе лета од Пула за Копенхаген во недела, каде во понеделник од 18 часот ги чека натпревар со Шпанија во осминафиналето на Европското првенство
Ниту еден друг играч на хрватската репрезентација не мора да оди во самоизолација, откако тестот на Иван Перишиќ е позитивен.
Како што е наведено во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, надлежната епидемиолошка служба оценила дека мерките се почитуваат, така што другите играчи и членовите на стручниот штаб и делегацијата не треба да одат во самоизолација.
„Свесни сме дека вакво нешто може да ѝ се случи на секоја репрезентација и секој поединец. Затоа ги почитуваме сите мерки од првиот ден за да се спречи можноста за изолација на поголем број играчи. Во контекст на новонастанатата ситуација, медицинската служба прави се за да спречи евентуално ширење на вирусот, како што беше и есента, кога имавме слични поединечни случаи за време на Лигата на нациите“,
изјави докторот на националниот тим Саша Јанковиќ.
Хрватската репрезентација ќе лета од Пула за Копенхаген в недела, каде в понеделник од 18 часот ги чека натпревар со Шпанија во осминафиналето на Европското првенство.