Предвидена е и размена на експертиза и искуства при развојот на алатките за комуникација за подигање на јавната свест во однос на примената на ИТ-технологии во земјава
Естонија ќе го сподели своето искуство од дигитализацијата ѝ ќе и помагне на С Македонија да го стори истото во повеќе области.
Како што информираше Владата, на денешната редовна седница е одобрено склучувањето на Меморандум за разбирање меѓу македонскиот Секретаријат за европски прашања и Естонскиот центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е-управување.
Со Меморандумот со Естонија, којашто е лидер во дигитализацијата и е-управувањето, се дефинираат областите на соработка, и тоа во мапирање на моменталната состојба во однос на дигитализацијата и е-управувањето во С Македонија, подготовка и предлагање решенија за подобрување на правната, рамката на политики и институционалната рамка за дигитализација и е-управување, како и размена на експертиза и искуство во однос на моделите за интероперабилност и дигитализација на јавните услуги помеѓу страните.
Предвиден е и студиски претстој во Естонија за претставници од домашните јавни институции, помош при развој и спроведување на посебно ИТ-решение, како и размена на експертиза и искуства при развојот на алатките за комуникација за подигање на јавната свест во однос на примената на ИТ-технологии во земјава.